Струшка гинекологија ќе добие дигитален апарат за ултразвук

- Локални
497
Денеска во салата на Совет на Општина Струга се одржа церемонија за потпишување на договор на грант од страна на Aмбасадорот на Јапонија г. Хиронори Савадa, претседател на Совет на Општина Струга г-ца Арбреша Влаши и директорот на Општата болница во Струга г. Арменд Арслани.
Со помош на Јапонската амбасада ќе биде набавен дигитален апарат за ултразвук во одделението за гинекологија во струшката болница, со вредност од 50.833 евра. Овој грант е во склоп на проектот за подобрување на медицинските услуги со кој ќе се подобри квалитетот на здравствената нега и ќе се скрати времето за преглед на близу 200.000 пациенти од југозападниот регион.
“Во име на сите стружани сум благодарна за придонесот и помошта на јапонскиот народ, посебно за време на пандемијата. Се надевам дека во иднина нашата соработка ќе се продлабочи во интерес на граѓаните и за доброто на сите” – рече Арбреша Влаши, претседател на Советот при Општина Струга.
Strugaonline

Facebook Коментари