Три децении по ред пред највеселата ноќ во годината главен предвесник на овој празник пред фотографскиот дуќан на „Фото Стефчо“ е најстариот струшки Дедо Мраз, кој неуморно ги весели дечињата и се фотографираат и ја најавуваат Новата година. Подостарениот Дедо Мраз – Ристе Миладин може надолго и на широко да ви зборува за средби со најмладите жители на градот, кои низ годините на овој начин го доживувавме и го доживуваме најпознатиот дедо на светот.
-Како да беше вчера, а веќе изминаа триесет години откако за прв пат ја облеков дедомразовската униформа пред највеселата ноќ во годината, за да ги расположи нашите најмлади жители кои на свој начин ме доживуваа и ме доживуваат. Имаше дечења кои без никаков страв ми приоѓаа и ме гушкаа сакајќи со мене да се фотографираат и овековечат таа средба. Изминаа триесет генерациски деца кои сега се возрасни граѓани и кои и ден денес не можат да ги заборават средбите што ги имале со мене пред Новата година. Поголем дел од децата резервирано ми приоѓаат и размислуваат дали да се ракуваат со мене и да си заминат. Но по краток разговор речиси без исклучок повеќето дечиња го менуваат своето расположение и со големо задоволство го викаат фотографот Стефчо или Ѕвонко да направат фотографија со Дедо Мраз – вели Ристе Миладин најстариот Дедо Мраз, кој низ години доживеал разни временски прилики и неприлики.
-Едноставна пречка на мојот континуран престој пред фотографскиот дуќан на „Фото Стефчо“ е студеното време кое последните години ми е доста наклонето, нема многу студ и ја со истите обврски и на моето место ги чекам најмладите од градот да им ја честитам Новата година, потоа ќе биде овековечена оваа средба со заедничка фотографија или новогоришна честитка а некои ја ставаат во календар – додава струшкиот Дедо Мраз, познат кај повозрасните граѓани како Ристе Миладин, познат струшки драмски режисер и актер.
А, на 31 декември секоја година со општинско отворено возило, низ градот им дели новогодишни бонбони на децата кои го чекаат низ улиците во Струга.
Текст и фото: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ
Facebook Коментари