Утре Струга ќе биде домаќин на второто издание на Зимскиот Младински Шаховски Фестивал „Езерска Кралица 2024“

- Локални, Спорт
133

Младинската Шаховска Школа СТРУГА во соработка со Шаховската Школа Ласкер од Охрид го организираа второто издание на Зимскиот Младински Шаховски Фестивал „Езерска Кралица 2024“.

Турнирот планирано е да се одржи утре, 28.12.2024 (сабота) со почеток во 10:00 час во хотелот Дрим во Струга. На турнирот свое учество планирано е да земат деца од Струга и Охрид, но се очекуваат деца и од другите градови од Македонија. Ова е втора година по ред како се организира овој настан.

Турнирот е дел од традиционалниот турнир Езерска Кралица кој оваа година слави 5 годишен јубилеј.

Турнирот е поделен во 4-ри категорни групи и тоа: – Деца на возраст до 08 год – Деца на возраст до 10 год – Деца на возраст до 12 год – Деца на возраст до 14 год.

Ќе се игра Швајцарски систем од 6 кола со темпо на игра 10+5. Планирано е момчињата и девојчињата да играат во исти групи, но наградите за освоени места да се даваат пооделно.

-Ги покануваме сите младинци од Македонија претставници на Шаховските клубови да земат учество на овој настан, а вооедно ги покануваме сите љубители на шаховската игра да го посетат настанот. Со овој турнир практично ги завршуваме турнирите на Езерска Кралица за оваа година. – велат од организаторите.

StrugaOnline

Facebook Коментари