Лев банер Десен банер

Струшките италијанисти ги собраа речиси сите награди на државниот натпревар

Струшките ученици по италијански јазик уште еднаш потврдија дека знаењето, трудот и љубовта кон јазикот носат врвни резултати. На вчерашниот државен натпревар по италијански јазик, учениците од основните училишта и гимназијата од Струга освоија речиси сите највисоки признанија, гордо претставувајќи ги своите училишта и градот.

Натпреварот беше збогатен и со присуството на италијанскиот амбасадор во Македонија, Паоло Палминтери, што претставуваше дополнителна чест и мотивација за натпреварувачите.

Овој голем успех е резултат на посветената работа на учениците, нивната упорност и поддршката од менторите, кои со години успешно го негуваат изучувањето на италијанскиот јазик во Струга.

Посебна благодарност беше упатена и до Општина Струга и градоначалникот Менди Ќура, кои обезбедија превоз и логистичка поддршка за безбедно и организирано учество на учениците на натпреварот.

Меѓу најуспешните беа:

СОУ Гимназија „Д-р Ибрахим Темо“

  • Ана Ашталкоска – второ место
    Ментор: Даниела Јовческа

Пофалници за одлични резултати добија:

  • Маја Ристоска
  • Мелани Видиќеска
  • Калина Чакареска
  • Теодора Маџоска
  • Ива Шајноска

ОУ „Јосип Броз Тито“

  • Ема Шикулеска – прво место
  • Марко Милески – второ место
    Ментор: Емилија Лазороски
  • Теона Ќосеска – четврто место
    Ментор: Ѓурѓица Кутаноска

ОУ „Браќа Миладиновци“

  • Софија Гук – второ место
  • Христина Дејкоска – второ место
  • Матеј Далчески – трето место
    Ментор: Викторија Бебекоска

Успешен настап имаа и:

  • Јоан Дојчин – петто место
  • Стефанија Гогоска – шесто место

Ментор: Викторија Бебекоска

  • Радмила Тодотоска – петто место

Ментор: Ѓурѓица Кутаноска

ООУ „Св. Климент Охридски“ – Драслајца

  • Сара Милошеска – второ место
    Ментор: Александра Тренески
  • Лео Грујоски – петто место

Со вакви резултати, струшките италијанисти продолжуваат да бидат пример за успех, посветеност и квалитетно образование. Новите победи, како што велат, се само дополнителен мотив за уште поголеми успеси во иднина.

StrugaOnline

error: