Струшките пензионери освоија неколку места на регионалните пензионерски спортски игри во Дебар

- Локални
435

Во организација на СЗПМ, на 19 јуни 2022 во Дебар се одржаа 26-те регионални пензионерски спортски натпревари чиј домаќин беше Здружението на пензионери од Дебар.

Струшките пензионери се натпреваруваа во сите шест дисциплини и освои две први места: прво место шутирање на гол-жени го освои Виолета Опетческа, а првото место во домино го освои Евгенија Јовчески-Гече, со благодарници се закитија и Лубица Настоска и Јовчедска. Во силната конкуренција од учесниците на ЗП Охрид и Дебарца, Македонски Брод, Кичево, Вевчани, Лабуништа и домаќините од Дебар, Стружани се покажаа во најсветло издание со освоени две први места.

Струшките пензионери и пензионерки беа предводени од претседателот на Здружението Милорад Трпоски и претседателката на активот на жени пензионери од Струга Елисавета Лазареска.

Спортските екипи кои настапија на 26-тите Регионални натпревари во Дебар, ги подготви истакнатиот фудбалски стручњак Иван Хаџиев.

Спортските натпревари ги следеше потпретседателот на Извршниот одбор на СЗПМ Ментор Чоку,кој воедно и ги прогласи за отворени, а резултатите ги сумираше специјално определени судии за секоја дисциплина посебно, одредени од комисијата за спорт при СЗПМ.

Организаторот на пензионерските спортски натпревари СЗПМ и домаќинпот ЗП Дебар на победниците учесници на натпреварите им беа врачени Благодарници, кои им ги подели Ментор Чоку, потпретседател на извршниот одбор при  СЗПМ.

Текст и фото: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

Facebook Коментари