Антонио Пејоски промовира нова песна и спот, ,,Колку те посакувам“ за лето во модерен ритам

- Музика
828

Антонио Пејоски ја промовира својата нова песна насловена ,,Колку те посакувам“. Музиката и текстот се негово авторско дело, а аранжман микс и мастеринг изработи Методија Столески.

,,Станува збор за брз динамичен летен хит што верувам дека ќе допре до слушателите. Инспирацијата доаѓа од модерниот стил што сега е актуелен, а што се однесува до текстот, љубовта е вечна инспирација и треба да ја споделуваме во сите можни форми. Освен мојот кант-авторски дел, тука се и моите музичари-соработници кои ми помогнаа целосно да ја доловам оваа музичка приказна-Марко Лазороски на гитара и Кирил Митрески на клавијатури.  Имавме прекрасна енергија и за време на снимањето на песната и на видео записот, па верувам дека истата ја чувствува и публиката.,,-вели Антонио.

Спотот го снимаше  Кристијан Љушев , на неколку локации, конкретно на Galaxy Beach во Претор , Ресорт Coca Slivnica и Охридско езеро.

Како главни ликови во видео-записот се појавуваат Светлана Куциноска и Мартин Јузмески.

Антонио Пејоски своја авторска песна промовира после шест години, досега има четири други свои авторски песни, а наскоро ќе влезе и во дуетски води. За новиот музички проект што ќе биде дует сеуште не открива многу.

Со својот бенд и ова лето настапува во Македонија, Косово и во Грција.

 

Facebook Коментари