Стружанецот Димче Шипинкаровски e добитник на Меѓународната литературна награда ,,Пeтар Канавелиќ”

- Локални
687
Македонскиот поет и преведувач Димче Шипинкаровски e добитник  на Меѓународната литературна награда ,,Пeтар Канавелиќ” што ја доделува  Хрватското книжевно друштво.
Наградата му е доделена за песната,,Корчула помеѓу  сонот и јавето”, испратена на Конкурсот на Седмите Меѓународни книжевно-научни средби,,Петар Канавелиќ”, одржани во хрватскиот островски град Корчула, под покровителство на Министерството за култура на Хрватска.
Организаторите кои наградената песна, ја оценија како “волшебен сонет за градот и најславниот корчуланец Канавелич”, организираа  и хрватската промоција на неговата поетска збирка ,,Татковиот аманет”.
На собирот учествуваа поети од Хрватска, Македонија, Албанија, Црна Гора и Мароко.
Виртуелно, уште и иранскиот поет д-р Салама Ал-Сархана, кому му беше претставена книгата “Делириум на паметењето” 1 и 2.
Димче Шипинкаровски го води Здружението за литература и култура,,Бран”, го издава истоимениот магазин ,, Бранувања”, и ги организира “Струшките книжевни средби”.

Facebook Коментари