ФФМ ги повикува навивачите да ја бодрат Македонија во мечот со Бугарија

- Спорт
81

Фудбалската федерација на Македонија ги повикува навивачите да ја бодрат македонската А репрезентација на вечерашниот натпревар против Бугарија на Националната арена „Тодор Проески“ и  да им бидат поддршка на нашите фудбалери во текот на мечот.

Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на „Рисовите“ да дојдат до победа на последниот натпревар од групата во Лига на нации.

-Апелираме на воздржаност од неспортско навивање, користење пиротехнички средства, неспортски транспаренти, користење на ласери, насилно однесување и фрлање предмети на терен.
Единствено со фер, спортско и коректно навивање покажуваме почит кон нашиот национален тим и почит за противникот.

Воедно, праќаме информација до сите кои ќе го следат натпреварот на Националната арена „Тодор Проески“ дека влезовите на нашиот најголем стадион ќе бидат отворени од 18:45 часот до 20:30 часот.

Ги повикуваме сите љубители на фудбалот, навивачи и поддржувачи на македонската репрезентација навреме да бидат на своите места на Националната арена.

Продажбата на билети за натпреварот Македонија – Бугариjа се организира исклучиво преку продажната мрежа на MKTickets.

Продажбата се одвива исклучиво со физичко присуство на купувачите. Електронска (on-line) продажба на билети нема.

МАКЕДОНИЈА – БУГАРИЈА (Национална арена „Тодор Проески“, 26. септември)

Цени на билети:

Северна Трибина

Блок 13, 14, 18, 19, 20 и 24     250 денари

Блок 21 и 23                             250 денари

Јужна Трибина

Блок 1, 2, 5 и 6                         250 денари

Блок 3 и 4                                 350 денари

Едно лице може да купи најмногу четири (4) билети. Покрај неговите податоци (задолжително презентирање на документ за идентификација), клиентот внесува и податоци за други навивачи за кои купува билети.-соопштуваат од ФФМ

Facebook Коментари