Младиот стружанец Методија Столески синоќа настапи на фестивалот за народни мелодии ,,Гоце Фест 2021“.
Поради состојбата со пандемијата, фестивалот имаше ревијален карактер, настапуваа изведувачи со веќе наградувани песни на истиот фестивал, од минатите години и тоа без присуство на публика. Столески настапи со ,,Песно наша“ песна за која доби ,,Специјална награда“ во 2018 година. За младиот музичар од Струга ова е четврто учество на ,,Гоце Фест“ и досега е наградуван на секој настап.
Класично издание на ,,Гоце Фест 2021“ е планирано за во мај, доколку се подобри состојбата со вирусот ковид 19.
Strugaonline
Facebook Коментари