Кире Лазаров е новиот селектор на машката сениорска репрезентација на Македонија

- Спорт
405

Кире Лазаров ќе биде новиот селектор на машката сениорска репрезентација на Македонија.

Информацијата ја потврди претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, на онлајн-средбата со медиумите.

„На  седница та на Управниот Одбор беше донесена одлуката да го избереме за селектор најголемиот човек во нашиот ракомет, кој има најголем придонес за нашиот ракомет – Кире Лазаров. Се договоривме со Лазаров тој да биде нов селектор – тренер на машката ракометна репрезентација, во период од една година додека ја добие мастерс-коуч дипломата. Потоа тој ќе добие четиригодишен договор како селектор. За мене е чест и привилиегија да ви ја соопштам таа вест, бидејќи ова е голем ден за македонскиот ракомет. Пресреќен сум што заедно со Лазаров ќе ги биеме битките за македонскиот ракомет.“, изјави Мукаетов.
Кој ќе биде дел од стручниот штаб на Лазаров ќе се знае следната недела.

Facebook Коментари