И оваа година Стружани го имаат проблемот со недостиг на вода за време на летниот период. Подолг временски период за одредени делови од градот водата стана луксуз со оглед на тоа дека истите се приморани да полнат шишиња со вода за да одржуваат хигиена на екстремно високите температури кои се актуелни овој период од годината, посебно оваа летна сезона.
Во самоиницијативна организација на засегнати жители на Струга, под мотото „21 век, а нема вода ни за лек“ ќе организираат протeст, среда 09-ти Август во 14:00 часот пред зградата на „Проаква“.
Извор: Strugaonline
Facebook Коментари