Стружани викендов уживаа во претставата „Првин ќе ме земеш, после ќе ме…“

- Локални
1745

Смеа и добро расположение завладеа во Домот на културата „Браќа Миладиновци“ во Струга во саботата вечерта, благодарение на одличната глума на актерите  од комедијата „Првин ќе ме земеш, после ќе ме….“.

Претставата е во режија на Ѓорѓи Ризески, костимографијата е на Елена Лука, а улогите ги толкуваат  Роберт Ристов, Мирјана Ристов и Дарко Велиќ. Мирјана Ристова  одлично ја одигра улогата  на лекторката Кети Мјау Соколовска која во претставата е учесник во реалното шоу „Осакатени души“ и има само една цел, на закажаниот состанок „на слепо“ да се омажи уште истата вечер. Додека пак Роберт Ристов маестрално ја одигра улогата на ветеринатор  Ѓорѓи Мучев. кој не оди на тој состанок за да најде сопруга, туку разочаран од претходно пропаднат брак сака само едновечерна авантура.

Нивните несогласувања, караници, но и изливи на емоции ги смируваше, а понекогаш и ги зачинуваше  актерот Дарко Велиќ кој ја играше улогата на водител на реалното шоу „Осакатени души“.  Интересно е тоа што и во Струга, но и во сите други градови низ Македонија каде што се игра претставата, публиката им помага на Кети и Ѓорѓи да донесат одредени одлуки. Реакциите на публиката во Центарот за култура „ Браќа Миладиновци“ беа одлични, а на крајот на претставата актерите беа поздравени со голем заслужен аплауз.

Извор : Strugaonline

Facebook Коментари