Учесниците на фестивалот „Мал битолски Монмартар“ ја посетија и општина Вевчани

- Локални
1626

Светскиот фестивал на детско ликовно творештво „Мал битолски Монмартар“ по триесет и шести пат се одржа во Битола. Ова издание го одбележа учеството на деведесет гости од четринаесет странски држави.

Во склоп на фестивалот, ликовната колонија под водство на Хаџи  Коста Андоновски трае шест дена вклучувајќи и два каравани. Учесниците на 27 мај ја посетија и општина Вевчани.

Во склоп на посетата учесниците беа пречекани од страна на градоначалникот Цветомир Угриноски, а хроничарот,истакнатиот поет,публицист од Вевчани, Мишо Китаноски,ги запозна со историјатот на Вевчани и со убавините на Вевчани. Учесниците на колонијата ги посетија и Вевчанските извори и се запознаа со сите знаменитости на оваа општина.  Друштво на учесниците им правеа учениците од ООУ „Страшо Пинџур“ и децата од  детската градинка „Планински Цвет“.

Извор: Strugaonline

 

Facebook Коментари