Во студиото за танц БАХ овој период вредно и напорно се работи, тиe се подготвуваат за Интернационалниот натпревар ,,Stage“ што ќе се одржи на 18-19 ноември во Национална опера и балет во Скопје каде учество ќе земат танцови клубови од цел свет.

,,Нашата Струга ќе ја претставува тимот на Студио за танц БАХ, ќе се натпреваруваме со девет кореографии (show dance, open, street dance/MTV), а освен сениорите и јуниорите на БАХ кои често знаат да носат први места и специјални награди, оваа година на сцената на опера и балет рамо до рамо со светски танцови клубови ќе се борат и најмалечките mini kids – формација и children – група.“-изјави Тања, кореограф и идеен творец на студиото за танц Бах.
Таа додава дека очекувањата од студиото се децата да се претстават во најдобро светло, да стекнат искуство плус, а на стручната жири комисијата останува да ја оцени нивната работа.
Oсвен студиото за танц ,,БАХ“, на ,,Stage“ ќе настапат повеќе танцови студија од Македонија, а од странските земји досега се пријавени танцови клубови од Турција, Романија, Хрватска, Белгија, Бугарија, Словенија, Чешка и Србија.
Strugaonline
Facebook Коментари