Билтен на СВР Охрид-Охриѓанец пријавил дека од семејниот дом се оддалечила неговата сопруга, французин каснат од куче скитник во Пештани…

- Локални
1061

На 24.10.2023 во 14.00 часот во СВР Охрид, Г.С.(40) од Охрид пријави дека од семејниот дом во Охрид се оддалечила неговата сопруга. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 24.10.2023 година во 10.45 часот во СВР Охрид, Д.Х.П.А.(64) од Франција со престој во селото Пештани, пријави дека на локален пат во селото бил каснат од куче скитник.

На 24.10.2023 година во 15.10 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во месноста „Гумништа”, атар на селото Брежани, општина Дебрца, бил пронајден починат Љ.Р.(60) од Охрид. Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итната медицинска помош од Охрид, а по наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.Д.(29) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори “. При претрес во неговото патничко возило, извршен со судска наредба, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога пронајдоа и одзедоа марихуана, наменета за натамошна продажба.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари