Светлана Славковска е избрана за претседател на МЗ-Радожда, Советот ќе решава насобрани проблеми

- Локални
726

На 19-ти октомври се одржа првиот состанок на Советот на месна заедница во село Радожда. На состанокот, за претседател на Месната заедница беше избрана Светлана Славковска, за потпретседател е избран Јован Скрчески, а секретар на советот на МЗ ќе биде Ангела Шајноска.

По изборот на лица кои ќе ги вршат примарните функции, на Советот се разговарало за проблемите со кои се соочува Радожда како и приоритетите преку кои ќе се пристапи кон решавање на истите. На состанокот е заклучено дека МЗ Радожда е доста изолирана и дека насобраните проблеми резултираат со масовно иселување на младите од селото  за што итно треба да се реагира.

Членовите на Советот дискутирале и за недостатокот на инфраструктурни интервенции, непостоење на солиден систем за електрична енергија , непостоење на систем за канализација, немање можност за културен, образовен, спортски живот и други теми.

Советот дефинираше приоритети како основа за изработка на програма за: Непречено напојување со електрична енергија и улично осветлување; адекватна канализација и собирање на отпадни атмосферски води; Oвозможување на културно-забавен и сортски живот, промоција на туризмот, промоција на воден сообраќај во летниот период и Финансиска одржливост и создавање на услови за непречено финансирање на МЗ.

Strugaonline

Facebook Коментари