Светската асоцијација за пливање на отворени води официјално ги верификува 10-те препливувања на Марко Пејчиновски

- Локални
269

Светската асоцијација за пливање на отворени води (WOWSA) официјално ги верификува сите 10 препливувања на охридскиот пливачки херој Марко Пејчиновски, во должина од 250.27 километри.

 

– За мене пливањето е повеќе од спорт, нешто што ме крена на нозе, нешто што ме спаси од депресија, ме натера да се соочам со своите мисли наместо да бегам од нив; пливањето ме натера да пораснам, ме натера да го гледам светот поинаку, ми даде можност да запознаам многу луѓе, ме научи на дисциплина, ми покажа колку треба да се жртвуваш за да успееш, ме научи многу животни лекции кои не би ги научил никаде на друго место или толку рано. За мене, пливањето значи еден од најголемите благослови во мојот живот, изјави Марко за WOWSA.

За потсетување, на 28-ми август годинава, за празникот Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица, тој исплива 64 километри на релација Охрид-Струга-Св. Наум-Охрид, со што го исполни ветувањето од почетокот на летото, кога најави 10 препливувања и околу 250 километри.

Facebook Коментари