СВР Охрид делеше лампиони и миризливи стикери на охриѓани и туристите

- Локални
686

Секторот за внатрешни работи од Охрид во соработка со Интернационалната полициска асоцијација )ИПА регион Охрид), на симболичен начин со подарување новогодишни лампиони и миризливи стикери како и со пригодни флаери со испишани порака за безбедно учество во сообраќајот, на охриѓани и на туристите кои во Охрид  ја прославија новогодишната ноќ,  им ја честита Новата 2020 година.

„На овој начин, на сите граѓани ќе им посакаме здравје, лична среќа, деловен успех и се најдобро во годината што следува.“ – информираа од СВР Охрид. 

Инаку,  во текот на новогодишната ноќ, полициски службеници беа поставени на градскиот плоштад и приградските населени места а сообраќајната полиција, вршеше контрола на сообраќајот на целото подрачје.

 

 

Facebook Коментари