СВР Охрид и граничната полиција „Регионален центар Запад“, извршија обезбедување и транспорт на четири лица oд Ќафасан до Специјалниот завод во Демир Капија

- Локални
726

По преземени подготвителни активности за доследно спроведување на мерките на Владата за заштита и сузбивање на Коронавирусот  а во врска мерката за спроведување на лица во државен карантин, на 21.03.2020 година, полициски службеници од СВР Охрид и граничната полиција „Регионален центар Запад“, извршија обезбедување и транспорт на четири лица кои од граничниот премин „Ќафасан“ се пренесени до Специјалниот завод во Демир Капија.
СВР Охрид, на целото подрачје што го покрива (Охрид, Струга, Вевчани, Кичево, Пласница, Дебар и Центар Жупа), на терен продолжува да презема најстроги рестриктивни мерки со цел доследно спроведување на мерките за заштита на граѓаните.  Во координација со други надлежни институции, СВР Охрид ќе продолжи да презема активности за целосно спроведување на мерките кон  лицата што не ја почитуваат мерката за самоизолација и нивно спроведување во државен карантин и против истите да биде поведена соодветна постапка.

Полициската станица Охрид  врши контрола на вкупно 144 лица со мерка „здравствен надзор и домашна изолација“, 125 од нив, своерачно под полна морална, материјална и кривична одговорност потпишале изјава дека по доаѓањето од странски земји  кои, според Листата од СЗО  се зафатени од Коронавирус COVID – 19, во времетраење од 14 денови во нивните домови  ќе спроведат задолжителна самоизолација. 19 лица се водат со решение од  Државниот здравствен и санитарен инспекторат и се ставени под здравствен надзор и домашна изолација.

Упатуваме апел до граѓаните,  строго да ја почитуваат најновата одлука на Владата за забрана на движењето од 21 до 06 часот секој ден како и дисциплинирано да се придржуваат до сите останати препорачани мерки и насоки во врска со спречувањето на ширењето на COVID-19, а сите правни и физички лица строго да се придржуваат до насоките на полициските службеници. Граѓаните, на бесплатниот телефонски број 08 0000 201 или на 192,  можат да ги пријавуваат сите случаи на лица кои ги прекршуваат одредбите за задолжителна 14 дневна самоизолација.

Извор: СВР Охрид

 

Facebook Коментари