СВР Охрид и пазарниот инспекторат на терен, угостителски објект во Франгово работел и после 23:00 часот

- Локални
548

На 23-10-2020 година, СВР Охрид во соработка со Државниот пазарен инспекторат, на целото подрачје што го покрива, реализира контроли по угостителските објекти а во врска со одлуката на Владата за ограничување на работното време на угостителските објекти до 23 часот. Притоа, непочитување на оваа одлука е регистрирана во угостителски објект во струшкото село Франгово, сопственост на Л.Ј. од истото село.  Тој, не го затворил објектот односно продолжил со работа поради што, од инспекторите на ДПИ, изготвен е записник и  соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари