Сообраќајна незгода во село Подгорци, едно лице е повредено

- Локални
575

На 23-ти октомври 2020 година, во 11:00 часот било пријавено дека во струшкото село Подгорци се случила сообраќајна незгода во која е повредено едно лице.

-Во незгодата учествувало патничко моторно возило марка „Тојота јарис“ со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на 27-годишниот С.И. од селото Подгорци кое удрилo во 53-годишниот пешак Б.М. од истото село. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Струга, информираат од МВР.

Извор: МВР

Facebook Коментари