СВР Охрид-Кеси со марихуана пронајдени во автомобил во Охрид, девојче повредено од куче -скитник

- Локални
687

На  18.08.2020 година во 02.45 часот  на улицата „Абас Емин“ во Охрид, при преглед во патничко возило „Цитроен Берлинго“, сопственост на А.Џ.(48) од Охрид, полициски службеници пронајдоа и одзедоа три кеси со марихуана. Дополнително, во близина на неговиот дом на истата улица, пронајдени се шише со течност и марихуана.  А.Џ. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 17.08.2020 година, А.М.(41) од Охрид во полициска станица пријави дека нејзината малолетна ќерка, на ул.„Гоце Делчев“ во Охрид, била касната од куче скитник во пределот на левата потколеница.

На 17.08.2020 година во 17.20 часот, на булеварот „Железничка“ во Охрид, при преглед на патничко возило „Ренџ Ровер“, со скопски регистарски ознаки, управуван од З.П. (22) од Скопје, полициски службеници пронајдоа и одзедоа кеса со марихуана. Возачот и сопатникот М.Р.(19) од Охрид се приведени во СВР Охрид и по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари