Малолетник во Охрид со мопед удри во пешак, жената им подлегнала на повредите

- Хроника
817

На 17.08.2020 година во 20 часот, во Охрид на улицата „Ристо Чадо“, мопед „Лонгија“, со охридски регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од Охрид, удрил во пешакот Б.Ѓ.(68) од Охрид. Таа била пренесена во Општата болница Охрид, каде им подлегнала на повредите. Возачот на мопедот се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари