СВР Охрид најавува интензивни сообраќајни контроли за празниците

- Локални
749

На 28/29.12.2021 година од 21 до 02 часот, на подрачјето на Охрид, извршена е засилена акциска сообраќајна контрола. Притоа, полициските службеници затекнале 03 возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол. Тие се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.

-СВР Охрид, во пресрет на празниците, ќе ги интензивира сообраќајните контроли на целото подрачје, со цел зголемување на сообраќајната безбедност. Апелираме до сите учесници во сообраќајот, а пред сѐ до возачите да се придржуваат до сообраќајните прописи и да ја прилагодуваат брзината према условите и состојбите на патиштата.-соопштуваат од СВР Охрид. 

 

Facebook Коментари