МТВ ќе го пренесува Европското првенство во ракомет

- Македонија
604

Македонската радио телевизија ги откупи правата за преноси од претстојното Европско првенство во Унгарија и Словачка што ќе се одржи од 13 до 30 јануари.

Тоа значи дека македонските љубители на ракометот ќе можат да ги следат натпреварите со коментар на мајчиниот јазик. Македонија ќе игра во групата А во Дебрецин, и ќе се соочи со Данска, Словенија и Црна Гора, а првите две селекции обезбедуваат место во главната рунда.

Најавени се преноси на МТВ во термините од 18:00 и 20:30 во групната фаза, а потоа во сите термини кога ќе се игра главната рунда – 15:30, 18:00 и 20:30 часот.

Покрај тоа ќе има специјални емисии со стручни аналитичари пред натпреварите на Македонија, како и пред натпреварите од завршниот викенд. Комплетниот распоред на преноси ќе биде дополнително познат.

Извор: 24 ракомет

Facebook Коментари