СВР Охрид со засилени контроли во сообраќајот, регистриран 41 прекршок

- Локални
422

На 14-ти април 2021 година, во периодот од 12:00 до 17:00 часот, на подрачјето на СВР Охрид спроведени беа засилени акциски контроли во сообраќајот.
Притоа, полициските службеници регистрирале 41 прекршок (Охрид 22, Струга 4, Кичево 8 и Дебар 7).

– Евидентирани се 8 возачи кои бесправно управувале моторни возила (Охрид 1, Струга 2 и Кичево 5). За сите констатирани прекршоци на возачите им се изречени соодветни санкции, информираат од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари