Градоначалникот Мерко учествуваше на конферецијата “Дигитализација на услугите во областа на образованието“

- Локални
90
На покана на Центарот за управување со промени, денес градоначалникот на Општина Струга Г-дин  Рамис Мерко преку платформата ,,Зум’  беше учесник на конференцијата “Дигитализација на услугите во областа на образованието“.
Учесници на конференцијата беа Министеката за образование и наука Г-ѓа Мила Царовска, Министерот за информатичко општество и администрација Г-дин Јетон Шаќири, заменик амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија Г-дин Доминик Отвај и други поканети гости.
-Целта на конференцијата беше да се презентираат изработените електронски услуги на Министерството за образование и наука и придобивките од дигиталната трансформација во јавниот сектор. Овие услуги се изработени во рамките на проектот “Дигитализација на јавниот сектор во РСМ за непречено функсионирање“ финансиран од Владата на Обединето Кралство, со поддршка на Британска амбасада во Скопје, а имплементиран од Центарот за управување со промени, во соработка со Министерство за информатичко општество и администрација.-информираат од Општина Струга.
Strugaonline

Facebook Коментари