СВР Охрид спроведе сообраќајни контроли, санкции за возачи поради неправилно паркирање и неисправни автобуси

- Локални
453

На 31-ви март 2021 година, на подрачјето на СВР Охрид биле извршени сообраќајни контроли, при што полициските службеници во Охрид санкционирале 8 возачи поради неправилно паркирање на моторно возило.

– На вонреден течнички преглед упатиле 8 автобуси, при што кај 1 автобус бил констатиран неисправен уред за запирање. Во Струга, се контролирани 28 автобуси и санкционирани 9 возачи поради неправилно паркирани моторни возила. Полициските службеници во Кичево евидентирале 1 возач кој бесправно управувал моторно возило, а во Дебар санкционирани се 1 возач кој управувал технички неисправно моторно возило и 1 возач кој поседувал сообраќајни документи со измината важност, информираат од МВР.

Извор: МВР

 

Facebook Коментари