„Тајната на свештеникот“ повторно на репертоарот на ЦК „Браќа Миладиновци“ во Струга

- Локални
1099

Драмата „Тајната на Свештеникот” повторно се најде на репертоарот на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга. Поради големиот интерес од страна на публиката, актерската екипа уште еднаш ќе  ја одигра оваа претстава во понеделник (12.06 .2017) со почеток од 20 часот и 30 минути.

Во претставата се работи за Православието и неговите Свети тајни. Се обработува темата на тајната исповед. Она што човек го исповеда кај Отецот, тој е должен да ја чува таа тајна без разлика за што се работи. Во „Тајната на Свештеникот“ се раскажува  за исповед на еден Мирјанин. Што ќе донесе таа исповед останува да погледнете.

Ова е претстава која на истата сцена е играна во 1990 година, а сега доживува реприза на својата праизведба. Во „Тајната на Свештеникот“ играат: Ристе Миладинов, Христина Матоска, Матеја Миладинова, Петар Миладинов, Јован Затуроски, Константин Миладинов, Зоран Симоноски, Славе Краљевски, Петарчо Кочоски, Душко Матоски, Марија Анѓелоска, Сара Георгиева, Марија Чочороска, Танчер од студио за Танц „Баx“.

Билетите се по симболина цена од 50 денари.

Извор: Strugaonline

Facebook Коментари