Тим на Црвен крст Струга врши набавка на производи за ранливи категории на граѓани

- Локални
1087

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Струга, започна со теренска сервисна услуга на мобилниот тим за набавка на храна, хигиена и лекови за старите и изнемоштените лица, лица со попреченост и самохраните родители кои не можаат да излезат од дома.


Црвен крст дава поддршка во намалување на ризикот на проширување или заразување со Ковид-19.

Сите граѓани кои спаѓаат во ранлива категорија или се во самоизолација можат да се обратат на телефонскиот број на Црвен крст Струга специјализиран за оваа намена, 071 398 424 во период од 8:00 до 12:00 часот.

Strugaonline

Facebook Коментари