Tимот на Drim Short Film Festival na 31-ви октомври ќе одржи конференција во рамки на Балканската мрежа на краток филм

- Локални
253
Drim Short Film Festival, заедно со неговите партнери од регионот, Bašta Fest (Бајина Башта, Србија) и Seanema Film Festival (Улцињ, Црна Гора), е еден од основачите на Балканската мрежа на краток филм за едукација на млади филмски автори, како и промоција на краткиот филм во регионот.
Веќе втора година по ред успешно се реализираат трите работилници – #BastaPitch, #FundReady и #FestivalReady.
,, На 31 октомври, со почеток од 11:00 часот ќе се одржи конференција на која ќе бидат присутни нашите ментори, учесници и филмски работници од регионот. За почеток ќе ја претставиме нашата мрежа, а учесниците ќе ги презентираат своите проекти кои беа дел од BSFN 2023. Дополнително оваа година со нашите специјални гости ќе отвориме и разговор за продукција, промоција и дистрибуција на краткиот филм во регионот, каде ќе можете да се приклучите и вие како публика.“-информираат од дирекцијата на Drim Short Film Festival
За повеќе инфо околу приклучувањето контактирајте ги преку порака на нивната Фејсбук страница.
Strugaonline

Facebook Коментари