Томче и Стефчо Голабоски со фамилијата ќе бидат кумови на Водици следната година

- Локални
2047

Toмче и Стефчо Голабоски од Струга заедно со својата фамилија ќе бидат кумови следната година за празникот Богојавленије Водици. Како и сите други кумови претходно, ручекот по повод празникот, Чесниот Крст и целата организација ќе треба да ја обезбедат тие, тоа е обврска која со задоволство ја прифаќаат.

Томче Голабоски до сега четири пати имал среќа и благослов да го извлече Чесниот Крст од водите на реката Црн Дрим.Во 2017 година, специјално за Водици, од Холандија се вратил во Струга и тоа е всушност четвртиот пат кога го фатил крстот. Уште додека бил во Холандија одлучил дека ако го фати крстот по четврти пат ќе ја изрази својата желба да стане кум. Сега заедно со својата фамилија и својот брат го остварува сонот поврзан со силната верба во Бог.

Strugaonline

Facebook Коментари