ТППЕ-Струга со апел за заштита на шумите од пожари

- Локални
612
Во време кога земјава се соочува со високи температури, за жал, се појавува вознемирувачка појава која ги загрозува животите на луѓето, предизвикува економски последици и штети врз животната средина.
,,Токму пожарите кои се појавуваат насекаде низ општина Струга оштетуваат шуми, шумски површини, но и рурални и урбани површини. Шумите сочинуваат голем дел од територијата на Општина Струга и се вреден општински и национален ресурс. Шумските пожари, покрај дрвената маса, ја загрозуваат и дивата флора и фауна, бидејќи шумите се нивно живеалиште.“-велат од ТППЕ-Струга.
Од таму апелираатна  на максимално внимание за зачувување на шумите, природата и животната средина воопшто.
,,Апелираме до сите граѓани, институции, општински претпријатија, шумското стопанство, заштита и спасување и полицијата за координација на акциите и зголемена грижа за спречување на пожари, но и за мобилизација во нивното гаснење. Апелираме и на мобилизација и зголемена грижа на шумските чувари за активно следење на состојбата и откривање на сторителите, за давање информации до органите на прогонот за лицата кои ги предизвикуваат пожарите.“-додаваат од претпријатието.
-Ве молиме бидете внимателни и не палете оган.- е главната порака од Територијалната противпожарна единица-Струга.
,,Бидете дел од спречувањето и гаснењето пожари во случај на нивно појавување во шуми!
Известете ги надлежните органи во општината за одговор во најкраток можен рок на бројот 112 или 193! Помогнете им на одговорните институции во справувањето со шумските пожари. Ова е граѓанска обврска и култура за да и’ помогнеш на татковината кога и’ требаш!  Намерното палење оган е казниво со закон!“-стои во соопштението од ТППЕ-Струга.
Strugaonline

Facebook Коментари