Професор М-р Јаковче Матлиевски e спортски менаџер на новиот ракометен клуб „Винер Старс“

- Спорт
1460

Професор М-р Јаковче Матлиевски започнува нова успешна ракометна приказна. Во новата сезона, тој ќе биде спортски менаџер на новиот клуб „Винер Старс“, екипа која ќе почне да се натпреварува во младите категории и е веќе пријавена во пионерската и кадетска ракометна лига на Македонија, во склоп на Ракометната федерација на Македонија.

Во разговорот со екипата на Strugaonline и Play radio, Матлиевски се осврна на неговиот ангажман во изминативе две години и ја објасни визијата за создавањето на новиот клуб.

,,Две години работев во екипа во Скопје и постигнав одличен резултат. Горд сум на тоа што го постигнав со моите ракометари. Игравме финале за пионери на Република Македонија. Во финале не победуваат секогаш најдобрите, но, мојата екипа постигна најубав резултат и играше најубав ракомет. Верувам дека ракометарите и понатаму ќе постигнуваат ракометни знаења и ќе играат во финални натпревари. Што се однесува до идејата за формирање на новиот клуб, секогаш имам визија за создавање на нови играчи и нови клубови. Додека бев во Струга, ракометниот клуб Р.К ,,Јуниор“ кој беше мој сопствен клуб, постигнуваше најдобри резултати во Македонија, во пионерска, кадетска и младинска лига. Тоа сега сакам да го направим и во Скопје и сум на вистински пат да ја остварам таа цел со нови играчи кои ќе дадат нов имплус во ракометната игра. “-изјави Матлевски.

Што се однесува до очекувањата од новата сезона, Матлиевски потенцираше дека секој почеток е тежок и изрази надеж дека заедно со ракометарите ќе ги прескокне сите пречки, во интерес на ракометот. 

Стружани и учениците професорот Јаковче Матлиевски го познаваат како човек со голем натпреварувачки дух кој знае само да победува, па прашавме како поднесува порази и како ги учи ракометарите да поднесуваат порази.

-Јас многу ретко губам, навикнат сум секогаш да победувам, но секој пораз треба да се прифати и побезболно да се надмине и преболи.-изјави Матлиевски. 

 Со насмевка додаде дека освен спортски менаџер, тој може себеси да се смета и за манекен, затоа што секогаш внимава на својот изглед и на натпреварите не оди во тренерки туку во костум.

Strugaonline

 

Facebook Коментари