Трката со Дедомразовци во Охрид се презакажува за во сабота

- Локални
936

Поради најавата за лоши временски услови трката со Дедомразовци во Охрид наместо во петок (29.12.2017) ќе се одржи во сабота (30.12.2017) со почеток во 13 часот.

Пријавувањето  за овој настан кој се одржува за прв пат во рамките на новиот начин на прослава на Нова година во Охрид е сеуште во тек.

Помлади и постари, големи и мали, оние кои имаат желба за забава, вистинско празнично расположение и одело од Дедо мраз. Сите кои се пронаоѓаат во овој опис веднаш да се пријават на првата трка на Дедо мразовци која ќе се одржи во Охрид во сабота, 30-ти декември во рамките на проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“. На патеката од пред хотелот City Palace до плоштадот ќе се трча од 13:00 часот, а предвидена е и посебна забавна и музичка програма. За најдобрите имаме вредни награди: таблети, мобилни телефони, вечера за двајца и многу други, информираат организаторите.

Пријавување на телефонот 075/45 32 94 или на маил адресата [email protected].

Strugaonline

Facebook Коментари