Тројца пожарникари повредени од струен удар при гаснење пожар во близина на Радожда

- Локални
398

Тројца пожарникари се повредени при интервенција на пожар на кров од куќа во струшкото село Радожда, потврди за МИА командирот на Територијалната против пожарна единица во Струга, Фети Мазари.

Според него, пожарот бил пријавен синоќа во 23:30 часот, по што интервенирале шестмина пожарникари.

– Пожарникарите се во добра здравствена состојба, а пожарот е целосно изгаснат, изјави Мазари.

СВР Охрид соопшти дека синоќа околу 23:40 часот бил пријавен пожар во куќа во близина на струшкото село Радожда, сопственост на А.С. од истото село.

– При интервенција на Територијалната противпожарна единица од Струга, со повреди од струен удар се здобиле тројца пожарникари кои го гаснеле пожарот. Тие се пренесени во Општата болница во Струга каде им биле констатирани телесни повреди по што, биле пуштени на домашно лекување, појасни портпаролот Стефан Димоски.

Се работи на расчистување на случајот.

Извор: МИА

фото: aрхива

Facebook Коментари