Туристичките потенцијали на охридско – струшкиот регион на саем во Тирана

- Локални
600

Туристичките потенцијали на охридско – струшкиот регион како и новите концепти на туристичка понуда во државава се претставуваат на Интернационалниот саем за туризам Expo tourism во Тирана, Албанија.

– Овој саем е еден од најважните настани на регионалниот туризам, кој има за цел да ја охрабри соработката и промоцијата на туристичките дестинации преку трговија, конференции и B2B средби. Учесниците од различни земји го прикажуваат својот туристички потенцијал во различни категории, како што се: дестинации, сместување, агенции, поморски туризам, планински туризам, гастрономија итн, соопштија од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Facebook Коментари