Учениците од СОУ ,,Д-р Ибрахим Темо“ протестираат против онлајн наставата

- Локални
700

Започна протестот на учениците од СОУ ,,Ибрахим Темо“ во Струга. Средношколците од ова училиште пред околу една недела најавија дека ќе протестираат против онлајн настава. Тие сметаат дека штом работат кафулиња и ноќни клубови, тогаш и одењето на училиште не претставува ризик за ширење на вирусот ковид 19.

Директорката на СОУ ,,Ибрахим Темо“, Г-ѓа Бесиме Јонузи во телефонски разговор ни потврди дека учениците веќе се собираат пред училишната зграда, а утрово повеќето од нив не се вклучиле на онлајн класен час и ја бојкотирале онлајн наставата.

Таа додаде дека до надлежните е испратено барање за настава со физичко присуство за учениците од албанските и турските паралелки од прва до четврта година, и за учениците од прва година од македонските паралелки, затоа што, како што вели, во македонските паралелки од втора до четврта година има поголем број на ученици во една паралелка и за нив е најсоодветно настава да следат онлајн.

Јонузи додаде дека училиштето нема добиено официјален одговор на доставените барања за реализирање настава со физично присуство.

Strugaonline

 

Facebook Коментари