Учениците од СОУ ,,Нико Нестор“ поделени, дел се вклучија на онлајн настава, дел бојкотираат

- Локални
519

На првиот училишен ден од оваа учебна година учениците од СОУ ,,Нико Нестор“ поделени, дел од нив се вклучија на онлајн настава, дел од нив бојкотираат и бараат настава со физичко присуство.

Директорот на СОУ ,,Нико Нестор“ Г-дин Миле Попоски во телефонски разговор ни потврди дека изминативе денови интензивно разговарал со средношколците.

,,Учениците имаат желба за настава со физичко присуство, токму поради тоа доставивме барања до надлежните за реализирање на настава со физичко присуство, а на учениците им објаснивме дека тоа не е одлука која ние како училиште можеме да ја донесеме. Според сегашната одлука, теоретскиот дел од наставата ќе се одвива онлајн, а практичниот дел ќе го реализираме со физичко присуство со почитување на сите мерки и протоколи за заштита од вирусот ковид 19.“ – изјави Попоски.

Тој додаде дека целиот тим од СОУ ,,Нико Нестор“ се труди да најде заеднички јазик со средношколците за да се реализира наставата и учениците и во вакви услови на пандемија да добијат квалитетно образование и трајни знаење.

Strugaonline

 

Facebook Коментари