Улици во Струга и Вевчани ќе бидат реконструирани во рамките на Проектот за „Поврзување на локaлни патишта во општините“

- Локални
294

Улици во Струга и Вевчани ќе бидат реконструирани во рамките на Проектот за „Поврзување на локaлни патишта во општините“, а по јавниот повик кој го објави Министерството за транспорт и врски на Република Македонија.

 Станува збор за реконструкција на на локален пат во селото Мороишта во Струга и улицата од Здравствен Дом до Шопев Мост во Општина Вевчани.

Средствата за реконструкција на конкретните улици се обезбедени од Владата на Република Македонија, преку проектот за подобрување на локалните улици и патишта кој е со вкупна вредност од 70 милиони евра. Целта е подобрување на урбаното живење во рамки на општините заради локален економски развој и подобрување на животот на граѓаните.

Во рамките на овој проект, до сега опфатени се 50 општини со околу 110 улици.

Facebook Коментари