Уписи во Студио за танц ,,БАХ“ од денеска до 25-ти јануари

- Локални
96

Студиото за танц БАХ од Струга започнува со второ полугодие од 15ти јануари, кога се започнува со припреми и реализирање на нивните планови и интересни идеи, планирани за оваа пролет и лето.

Редовните членови со нетрпение го очекуваат почетокот на второто полугодие, но бидејќи периодов има интерес за упис на нови членови, со цел да им се даде можност на уште заинтересирани деца да бидат дел од припремите на нашите следни настани, одлучивме да направиме вондредни уписи кои ќе траат само 15 дена од 10 до 25ти јануари.

После тоа нема да може да примаме нови членови до крај на оваа танцова сезона заради припремите кои ќе следуваат – ни изјавија од студиото за танц БАХ.

Сите заинтересирани да се информираат на тел. 078 447 530 или во просториите на студиото во центарот за култура Браќа Миладиновци – Струга.

Танцувајте, стекнувајте убави искуства, нови пријателства и создавајте спомени кои ќе будат насмевка и топлина во вашите срца засекогаш.

StrugaOnline

Facebook Коментари