Успешна акција на Црвен Крст – Струга, Јован Душкоски од село Буринец е евакуиран од својот дом

- Локални
1576

Евакуацијата на Јован Душкоски од село Буринец е успешно завршена приказна на Црвен Крст Струга во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија, МВР и Здравствен дом Струга. Поради временските услови и врнежите од снег кои ја зафатија цела Македонија, вклучувајќи го и нашиот регион, Јован Душкоски немал прооден пат за да може непречено да се движи и да ги обавува секојдневните активности. После упатениот повик во Дирекцијата за заштита и спасување , во координација со Црвен Крст тој бил успешно сместен во пунктовите на Црвен Крст Струга. Во оваа акција свој придонес имаа и Центар за управување со кризи и ЕВН.

Тие пунктови се наменети за бездомници, но потенцираме дека Душкоски не е бездомник. Сместен е во пунктовите поради тоа што така налагале горенаведените околности.

Инаку, МТСП пред неколку денови апелираше до сите граѓани, да пријавуваат доколку имаат информации за бездомни лица се со цел истите да бидат сместени во пунктовите кои минатата есен беа отворени во Струга, Битола, Струмица. и Момин Поток – Скопје

Strugaonline

Facebook Коментари