Успешна еко-акција на четири локации во Струга

- Локални
918

Вчера се одржа уште една успешна Еко-акција за почиста Струга, во соработка ЈП „Комунално“ Струга.

Еко акцијата овој пат се одвиваше  на четири локации низ градот, и тоа: Стаза од ракометното игралиште до „Версус“, стаза од хотел „Дрим“ до „Црвен Крст“, околината околу кулите и улица „Ристо Крле“.

Акцијата за чистење беше организирана од страна на ОО на СДСМ Струга во соработка со ЈП „Комунално“ , а самоиницијативно учествуваа и граѓани на Струга.

Strugaonline

 

Facebook Коментари