Во Струга одбележани два значајни јубилеи- Шеесет години Дом на култура и седумдесет и пет години Библиотека Струга

- Локални
797

Изминативе денови во Струга поминаа во знакот на одбележување на два значајни јубилеи – Шеесет години Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга и седумдесет и пет години Библиотека „Димитрија и Константин Миладинови“- Струга.

На настаните во неколку наврати се обрати директорката на Центар за култура „Браќа Миладиновци“,  Г-ѓаНиколина Велкоска која го претстави историјатот и формирањето на овие две институции кои со текот на годините се фузираа во една институција, а зборуваше и за идните предизвици и проекти кои ќе се реализираат за Струга да го задржи епитетот-лулка на културата.

Честитка за големите јубилеи испрати и претседателот на Република Северна Македонија, Г-дин Стево Пендароски.

Програмата започна на 27-ми септември, со  отворањето на  изложба на фотографии од историјата на Националната установа Центар за култура „Браќа Миладиновци“ . Потоа  следуваш Саемот на книгата како традиционален настан кој оваа година стана дел од одбележувањето на јубилеите. Во склоп на одбележувањето, се одржа промоција на книгата „Со знаење – до знаење“ од Мичо Јачев кој за да го збогати јубилејот допатува од Виена.

Вчера, активностите започнаа во  17:00 часот со полагање цвеќе на Спомен бистата на Димитрија и Константин Миладиновци , а потоа, во Спомен домот на Браќата Миладиновци се одржа промоција на книгата „Сага за Охрид“ од авторот Валентина Нелоска, книга во која се вткаени нитки и за нашата Струга, како и промоција на на стручната публикација „Библиографија на изданијата на Струшките вечери на поезијата (1967 – 2018)“ од страна на авторот и доајен на библиотекарството, не само во Струга туку и на ниво на Македонија,  Богомир Наумоски. На промоцијата на оваа публикација присуствуваше и се обрати до присутните,  директорот на престижната манифестација „Струшки вечери на поезијата“ , Г-дин Тодорче Тасевски.

На крај, во 19:00 часот, во големата сала на Центарот за култура,се одржа културно уметничката програма на која  настапија  сите здруженија кои творат во раммките на Домот на културата во Струга.  Програмата во големата сала на Домот на културата започна со музичка изведба на познатата „Т’га за југ“, за таков убав почеток се погрижи младиот музичарот Хрисијан Миладинов, а потоа следуваше исечок од драмата „Тајната на Свештеникот“  во изведба на Ристе Миладинов и Зоран Симоноски.

Потоа следува музичките здруженија кои во Домот на културата во Струга творат и создаваат уметност долги години. Тоа се: Балетско студио „БАХ“,  Здружение „Валс“, Музичко студио „Соната“, КУД „Илинден“, Здружение Rezet e Struges (Зраци на Струга) и КУД „Ветерани“ -Илинден.

На крајот на манифестацијата, директорката им додели благодарници на сите кои дале свој допринос за развојот на библиотеката и Центарот за култура во Струга.

Strugaonline

фото: Данче Секулоска

 

 

Facebook Коментари