50 успешни проекти за младите, возрасните, невработените, жените и жителите во Охрид, Струга, Дебар, Кичево, Вевчани се само дел од активностите кои во изминатите 14 години се вбројуваат во биографијата на Локалната агенција за развој-Струга. Со многубројни образовни кампови, работилници, културно-забавни настани, кампањи за подигање на свеста, донаторски и волонтерски акции LDA-Struga ја покажува целта на своето постоење.
„По овој повод, организираме настан на 21 јуни 2018 (четврток) во центарот на Струга кај Споменикот на револуцијата. Од 12 – 20 часот, ќе имаме инфо штанд каде граѓаните ќе можат да се запознаат со нашите досегашни активности и идни планови и да дадат свои предлози за потенцијални проекти. За оние кои сакаат да си го проверат знаењето и среќата, од 17:00 часот ќе имаме интерактивна игра на отворено за тимовите кои ќе се пријават и награди за најдобрите тимови. Ќе има многу забава и дружење. Сите се добредојдени.“ – велат од тимот на Агенцијата.
Настанот „Успешните граѓански приказни на ЛАР“ е дел од годишната недела на Граѓански општествени организации во рамките на проектот на УСАИД за граѓанско учество.
Strugaonline
Facebook Коментари