Пронајдени се двајцата стружани кои се изгубиле на Галичица

- Локални
1053

Две лица биле пронајдени на планината Галичица, откако претходно му јавиле на пријател дека се изгубиле.

Вчера во 18:05 часот во СВР Охрид, Б.Т.(44) од Охрид пријавил дека околу 16:00 часот телефонски се слушнал со неговите пријатели Г.А. и Р.Т. од село Радолишта, струшко, кои му кажале дека се наоѓаат на планината Галичица, но дека не ја знаат точната локација.

Возилото со кое биле, претходно го оставиле во селото Велестово. Од тој момент до 21:00 часот лицата биле недостапни на своите мобилни телефони. Во 21:00 часот со лицата бил остварен телефонски контакт, а утринава во 05:00 часот лицата биле пронајдени.

Извор: МВР

фото: архива

Strugaonline

Facebook Коментари