Балетското студио „Баx“ од Струга, утре во Центарот за клутура „Браќа Миладиновци“ во Струга со почеток во 19:00 часот ќе го одржи осумнаесеттиот годишен концерт. На програмата е балетската претстава „Убавицата и sверот“ во која ќе учествуваат сите членови на Балетското студио, а ќе има и ексклузивни гости. . На концертот, публиката ќе има можност да проследи несекојдневен настан исполнет со уметност во нејзината најсофистицирана смисла на зборот. Како и секоја година, ќе има раскошна сценографија и уникатни костими кои ја доловуваат приказната. Картите за концертот се веќе распродадени и нема да можат да се набават непосредно пред почетокот.
Извор: Strugaonline
Facebook Коментари