Утре во Охрид започнува втората „Оff Road“ средба

- Локални
966

Овој викенд, на 1-ви и 2-ри јули во Охрид и регионот ќе се одржи втората „Оff Road“ средба.

Настанот е во организација на здружението „Оff Road Ohrid“, ќе има 350 учесници, 200 теренски “OFF Road” возила, 40 крос мотори и 20 четириточкаши од Македонија, Словачка, Полска како и од соседните земји.

Програмата предвидува дводневно патување од истражувачко – спортски – туристички карактер а целта е претставување и промовирање на природните убавини и традиционалните производи на Охридскиот регион.

Турнејата е планирана на  01. и 02 јули од Oхрид – с.Лакочереј – с.Сирула – с.Лешани – манастир Св. Илија – Плаќенска планина –Мазатар – с.Куратица – с.Расино – с.Вапила – с.Лакочереј – с.Лескоец – Охрид а кампувањето е во кампот “АС”-Струга.

Општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот на патиштата и СВР Охрид, вчера преку соопштение информираа дека  активно ќе се вклучат во организацијатана овој настан.

Извор: Strugaonline

Facebook Коментари