Утре ќе се одржи Мултиетничкиот фестивал за деца ,,Струга 2023″, публиката ќе може да донира за Бојан Крстески

- Локални
300

Утре во големата сала на Центарот за култура ,,Браќа Миладиновци“ со почеток во 12:00 часот по тринаесетти пат ќе се одржи Мултиетничкиот фестивал за деца ,,Струга 2023″.

Оваа година на фестивалот ќе настапат учениците од Основното музичко училиште ,,Тодор Скалоски-Тетоец“ од Струга, бендот Last of us составен од Александар Хиохи, Георгина Јанкоска и Величе Затуроски. Ќе настапат и дел од учесниците на детскиот фестивал ,,Распеано рибарче и К2 Sвездички“ од Охрид, ,,КУД Шпреса од Велешта, КУД ,,Делогожда“ и  Луеса Рушани и Дилара Реџепи со детски песни.

Организатор на фестивалот е Центарот за култура во Струга, а истиот има хуманитарен карактер со поставени кутии за донации за собирање средства за лекување на Бојан Крстески, член на Драмското студио ,,Миладин“ од Струга.
Влезот е 50 денари.

Strugaonline

 

Facebook Коментари