Утре во Охрид бесплатна изведба на претставата „Три“ на знаковен јазик за глувонеми и наглуви деца

- Локални
70

НУ Центар за култура „Григор Прличев“ од Охрид во соработка со асоцијацијата АТО – Центар за современа уметност и култура – Битола и НУЦК Битола организираат бесплатна изведба за најмладите на претставата „Три“ – прва професионална претстава на знаковен јазик за глувонеми и наглуви деца.

Претставата ќе се игра за прв пат во нашата земја во четврток на 2-ри декември 2021 година, во 17:00 часот, влезот е слободен, бројот на места е ограничен согласно протоколи. Претставата е наменета и за широката детска публика, бидејќи актерите на сцена паралелно зборуваат говорно и на знаковен јазик, со овој театарски уникатен новитет на самата премиера се случи инклузија, радост и чувство на еднаквост помеѓу сите деца во публиката. Играат 4 актери во улога на: Sвонко Бонбонко кој е најзабавен за детската публика и трите самовили: Розе, Лила и Синка. Главната тема и дејствие е случувањетон на еко – катастрофа, и поради тие причини сите другари, (ликовите) сложно тргаат на мисија да го исчистат целиот свет и да го фрлат ѓубрето селектирајќи го во соодветните корпи за отпадоци за рециклирање со цел за градење на свеста кај најмладите и негување на природата, информираат од Центар за култура „Григор Прличев“ од Охрид.

Претсатавата ќе се игра согласно здравествените протоколи со ограничен број публика. За влез потребно е да поседувате и приложите еден од следниве документи:

– сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно вакцинирани со две дози со вакцина против Covid-19
– сертификат/потврда за прележан Covid-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
– сертификатот/потврдата не се однесува за лица под 18 годишна возраст.

Facebook Коментари